Натпреварите на Светското првенство во Египет треба да се играат без публика, но на трибините на вчерашниот меч меѓу домаќинот и Чиле имаше стотици навивачи на трибините.
Првичниот план на Египет беше да има по 20 проценти исполнетост на салите, но под притисок на репрезентациите таа одлука се промени и беше договорено да нема публика. Но вчера имаше. Скандинавските медиуми тоа го оцениија како скандал.

Првата норвшека ѕвезда, Сандер Сагосен синоќа се пожали на условите кои ги имаат, рече дека стравуваат за своето здравје бидејќи организацијата е очајна.
„Ова е пародија. Сѐ што ни се случува од доаѓањето во Египет изгледа како една огромна смешка. Условите се ужасни и како да стануваат се полоши. Луѓето во хотелот шетаат без маски, јадеме во иста просторија. Од сѐ што ни беше ветено како превенција, нема ништо. Ова не може да се нареше „балон“ како што требаше да биде. Мораме да си поставуваме интерни правила, но и тоа не ни гарантира безбедност бидејќи тука е како на дивиот запад. Можеме само да се надеваме дека нема да се заразиме“, изјави Сагосен.