Вардар остана без уште еден врвен ракометар

Официјално: Криштопанс замина во Фуксе Берлин

Даинис Криштопанс веќе не е ракометар на Вардар, летонскиот џин стави потпис на договор со Фуксе Берлин со трајност до крајот на сезоната. 

Криштопанс не го издржа кризниот период во Вардар, Летонецот стави потпис на договор со Фуксе Берлин и веднаш станува играч на германскиот тим.
 
Добредојде во Берлин
Даинис Криштопанс станува играч на лисиците уште веднаш. Човекот висок 2,15 метри доаѓа од Вардар и ќе игра за нас до крајот од сезоната“, стои во соопштението на Фуксе Берлин.
 
Криштопанс со Бундеслигашот потпишува до крајот на сезоната бидејќи од следната ќе игра за ПСЖ.
 
Заминувањето на Криштопанс е голем удар за амбициите на Вардар во Лигата на шампионите.
 
Добра вест е што Толедо кој игра на позицијата десен бек се врати по повредата, но неизвесно е колку е тој спремен да одговори на предизвикот.
 
Вардар се бори да го задржи Криштопанс барем за саботниот натпревар од Лигата на шампионите против Мотор. 
 
Наскоро би требало и Павел Атман да го напушти Вардар и да се пресели во Спартак Москва.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе