По седум години заминува од Скопје

Официјално: Игор Карачиќ потпиша за Кјелце!

По седум сезони поминати во Вардар, Игор Карачиќ го напушта македонскиот шампион, од следната сезона ќе го носи дресот на Кјелце.

Полскиот клуб потврди дека уште еден Вардарец оди во нивниот клуб, по Алекс Душебаев и Лука Циндриќ, Игор Карачиќ потпишува за Кјелце.
 
„Имаме одлични вести за нашите фанови! Од следната сезона, Игор Карачиќ кој ги брани боите на Вардар, ќе му се приклучи на Кјелце. Тој потпиша тригодишен договор со полскиот шампион“, стои во соопштението на Кјелце.
 
Карачиќ вели дека е задоволен од трансферот во Кјелце, смета дека сега било вистинско време за нов предизвик.
 
„Среќен сум што имав можност да станам дел од клуб каков што е Кјелце. Поминав седум извонредни и богати со успех години во Скопје, но сега е време за нови предизвици. Се надевам дека со моето искуство и посветеност ќе му помогнам на клубот да ги оствари највисоките цели во лигите во кои ќе играме“, изјави Карачиќ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе