На барање на македонскиот клуб

Одложен мечот меѓу Металург и Висла Плоцк

ЕХФ го одложи натпреварот од Европската лига меѓу Металург и Висла Плоцк откако македонскиот клуб го побара тоа поради позитивни случаи на ковид-19 во тимот. 

ЕХФ го прифати барањето на Металург да се одложи мечот од Европската лига против Висла Плоцк кој требаше да се игра во вторник на 27 октомври.
 
Синоќа Металург информираше за нов заразен ракометар покрај Мартин Серафимоов кој веќе беше во изолација. 
 
Бидејќи се уште не се знае дали вирусот е пренесен и на други ракометари, засега целата екипа и стручниот штаб се во карантин.
 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе