На прием во АМС

Одбојкарите бараат иста премија како фудбалерите

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска ги прими претседателот на Одбојкарската федерациија на Македонија, Петар Јовановски и играчите Ристо Николов и Владо Митев. 

За време на средбата одбојкарите од Владата побараа да добијат иста премија како и фудбалерите.
 
„Сакам да се обратам директно до Владата. Ако сме рамноправни спортисти со сите, тогаш би сакал одбојкарите од државата да ја добијат истата премија како и фудбалерите за пласман на ЕП 2021“, рече Јовановски.
 
Фудбалерите добија премија од по 10.000 евра од член на селекцијата или вкупно 430.000 евра.
 
Засега е сигурно само дека одбојкарите ќе поделат 20.000 евра премија од Одбојкарската федерација на Македонија.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе