Квалификации за ЕП 2020

Од денеска во продажба билетите за мечот меѓу Македонија и Грција

Во строго ограничен број денеска во Струмица ќе бидат пуштени во продажба билетите за мечот од квалификациите за ЕП 2020 меѓу Македонија и Грција.

Продажната мрежа „МК Тикетс“, објави дека од денеска ќе се продаваат билети за ракометниот меч меѓу Македонија и Грција.
 
Цената на билетот е 200 денари. Поради специфичноста на натпреварот, малиот капацитет на салата и насоките од организаторот, билетите ќе бидат во строго ограничен број. Тие ќе се продаваат на продажното место на МкТикетс во Струмица, Кафе бар Концепт.
 
Македонија го загуби мечот кој се играше во Грција, тој резултат беше вистинска сензација. Сега се очекува сигурна победа на нашата репрезентација и заверка на првото место во квалификациската група.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра во недела на 16. јуни со почеток од 18 часот во Струмица.
 

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе