РК Вардар

Новогодишната желба на Скубе е да игра фанјл-фор со Вардар во 2019 година

Сташ Скубе вели дека неговата одлука да ја продолжи кариерата во Вардар е полн погодок, тој е задоволен од неговата прва полусезона во црвено-црниот дрес, а желба му е да игра на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите во Келн.

Сташ Скубе се покажа како големо засилување на Вардар, Словенецот веднаш се промовираше во еден од клучните ракометари на македонскиот шампион.
 
„Годинава што изминува ќе ми остане во сеќавањата по првата титула што ја имам освоено во мојата кариера, и тоа е освојувањето на финалето во унгарската национална лига со Пик Сегед, како и преминот во Вардар што се покажа како полн погодок за продолжување на мојата професионална кариера“, вели Скубе во интервју за официјалниот сајт на Вардар.
 
„Иако не секој натпревар го одигравме онака како можеме и како што сакавме, сепак за нас важно е дека Вардар се движи во насоката која ја посакуваме. Сега е време за одмор и сите претстојни празниците ќе ги поминам со семејството во Словенија“.
 
„Како новогодишна желба би посакал здравје и успешен Вардар. Сакам да играм на фајнл-фор заедно со Вардар, а на останатите во 2019 им посакувам многу среќа и бројни задоволства“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе