СЕХА Ф4 БРЕСТ

Ново финале на Вардар во СЕХА, „црвено-црните“ посилни од домаќинот Мешков

Вардар со 25:23 го победи Мешков Брест и утре против Загреб ќе го брани трофејот од региналната СЕХА лига, Стоилов и Милосављев беа хероите на црвено-црните.

Вардар имаше тешка задача во полуфиналето од СЕХА лигата, играше против домаќинот Мешков Брест кој имаше огромна желба да дојде до финале на свој терен, но не можеше да го премости актуелниот шампион.
 
Натпреварот почна израмнето, се играше гол за гол на почетокот, во 13. минута Мешков имаше предност од 6:5 кога Вардар почна една серија од 4-0 и поведе со 9:6. Во продолжението Вардар играше одлично и на полувремето замина со четири голови предност 14:10.
 
Во второто полувреме Вардар не почна најдобро, Мешков полека ја топеше предноста и во 44. минута дојде до 17:17. Брзо потоа домаќинот поведе, во наредните минути тие даваа гол за водство, а Вардар израмнуваше. По водство на Мешков од 21:20 македонскиот тим направи серија од 3-0 и поведе со два гола разлика 23:21. Во последните минути пресуди квалитетот кој беше на страната на нашиот тим, на крајот Вардар победи со 25:23 и се пласира во ново финале во СЕХА лигата.
 
На овој меч Вардар имаше двајца херои, Стојанче Стоилов кој постигна седум голови од исто толку обиди и Дејан Милосављев кој запиша 15 интервенции. Одличен беше и Даинис Криштопанс со пет погодоци, по три постигнаа Карачиќ и Чупиќ.
 
За Вардар ова ќе биде седмо финале во СЕХА лигата во кое ќе атакува на петтиот трофеј. Противникот е добро познат, Загреб со кој оваа сезона веќе одиграа четири официјални дуели. Натпреварот се игра утре со почеток од 19 часот.
 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе