Младиот голман имаше свое шоу против Мешков Брест

Новиот миленик на вардаровата публика, Кизиќ: Овој триумф многу ни требаше!

Тинејџерот на голот на Вардар, Марко Кизиќ вели дека триумфот над Мешков Брест бил многу важен по двата порази од Кил и Веспрем а домашниот терен и публиката голем мотив за надминување на проблемите.

Шампионот на Македонија и Европа им се врати на победите, вечерва пред своите фанови беше совлада Мешков Брест. Покрај убедливиот триумф, за Вардар е позитивно и изданието на младиот Марко Кизиќ.

Голманската позиција е најслабата алка во тимот, а 18 годишното момче ја „запали“ публиката во „Јане Сандански“ откако фати неколку зицери, имаше убави интервенции, од кои една двојна, и покажа дека заслужува поголема минутажа.

По крајот на натпреварот, тој истакна дека овој триумф бил многу важен и дека домашниот терен и публиката биле мотив плус за позитивен исход и надминување на проблемите.

„Најпрво сакам да му честитам на противникот за борбената игра која ја прикажа. Ова беше многу важен натпревар за нас за да се вратиме на втората позиција на табелата. Натпреварот беше тежок, но ја имавме предноста на домашен терен, публиката ни даде мотив плус и успеавме да стигнеме до победа. Сега одиме понатаму, треба да ја вратиме формата, покажавме дека имаме квалитет и дека не сме заборавиле да играме“ - вели 18 годишниот Марко Кизиќ.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе