СЕХА ЛИГА

Нова победа на Металург во СЕХА, овој пат над Нексе

По тримуфот во Панчево, Металург денеска со убедливи 29:22 го преслуша Нексе и врза две победи по ред во СЕХА лигата.

По поразот од Вардар на стартот, Металург врза две победи, денеска во СЦ „Борис Трајковски“ славеше над тимот на Нексе со седум голови разлика.
 
Натпреварот почна изедначено, се играше гол за гол до 12. минута кога Металург направи серија од 5-0 и дојде до водство од 10-5. На полувремето се замина со предност на македонскиот тим од 15:10.
 
Во вториот дел Нексе во ниту еден момент не успеа да го загрози водството на Металург, тимот на Червар играше одлично и на крајот сосема заслужено славеше со 29:22.
 
Најефикасни во тимот на Металург беа Илиќ и Пешевски со по шест гола, пет постигна Анделиќ. Дарко Арсиќ имаше девет интервенции.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе