Металург уште еднаш го проби дното, па во Скопје се враќа со уште поголем дебакл од она што се случуваше во Плоцк. Тимот во Виена отпатува со оптимизам, а доживеа срам.
Домаќинот изгледаше совршено на почетокот, веднаш создаде огромна предност, до половина од полувремето не промашија ниту еден шут, имаа 13 од 13 што е неверојатно. На одморот се замина до 22-13 за Феверс.
Во вториот дел Дупјачанец бранеше, дојде и до 14 интервенции на крајот, но Металург во нападот грешеше, па примаше лесни и брзи голови од контри. На крајот прими неверојатни 45 голови и загуби со 15 разлика.
Поповиќ со 15 голови беше најефикасен во составот на Металург, пет погодоци постигна Шилегов, Серафимов четири.