СЕХА лига

Нов пораз на Еурофарм со еден гол разлика, Загреб подобар и во Битола

Еурофарм загуби на свој терен во СЕХА лигата од Загреб со 28:27, уште еден пораз на Битолчани со еден гол разлика оваа сезона. 

Еурофарм се специјализира за порази од еден гол разлика, така беше и во Загреб на првиот меч меѓу овие два тима во СЕХА лигата, така е и сега во Битола.
 
Загреб водеше во текот на целиот меч, највисоката предност им беше од четири гола разлика со која и отидоа на полувремето 16:12. Во финишот од мечот Еурофарм намали но ниту еднаш не успеа да го сврти мечот. На крајот Загрепчани заслужено дојдоа до победата од 28:27.
 
Најдобар во тимот на Еурофарм беше Остроушко со седум голови, пет постигна Џукиќ. Пет одбрани запиша Митревски, четири Чаневски. Кај Загреб незапирлив беше Хорват кој постигна десет голови.
 
Ова беше петтиот пораз за Еурофарм во осмиот натпревар од СЕХА лигата. Им остануваат уште два меча до крајот, и двата на гостински терен, најпрво кај Веспрем, а потоа кај Спартак Москва.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе