СЕХА лига

Нов пораз на Еурофарм Работник во СЕХА, битолскиот тим загуби од Металопластика

Еурофарм Работник загуби на гостувањето кај Металопластика во натпревар со возбудлив финиш, битолскиот тим беше поразен со 27:26. 

Еурофарм Работник фуриозно го почна мечот, во деветата минута имаше водство од 4-0, домаќините првиот гол го дадоа дури во десетата минута.
 
По 20 минути игра Еурофарм имаше и пет голови предност 10:5, но потоа почна да паѓа. Полувремето го заврши со еден гол позитива 12:11.
 
Металопластика прв пат поведе на четири минути до крајот 25:24, a веднаш потоа имаше и два гола предност. Еурофарм во претпоследната минута израмни на 26:26, о домаќините во последната минута дадоа уште еден гол за победа од 27:26.
 
Вегар со осум гола беше најефикасен во составот на Еурофарм, Јотиќ постигна седум. Најдобар на теренот беше Милан Милиќ од Металопластика со девет голови.
 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе