ЕХФ Лига на шампиони

Нов меч со драматичен финиш за Еурофарм, Татран Прешов со победа си замина од Битола

Еурофарм им се врати на поразите во Лигата на шампионите, вечерва пред своите фанови загуби од Татран Прешов со 23-24, гостите до триумфот стигнаа со гол во последните секунди.

Очигледно Еурофарм е претплатен за драми во елитното ракометно натпреварување, клубот од Битола денеска имаше нов возбудлив меч полн со пресврти и неизвесност до самиот финиш. За жал, вицешампионот на Македонија на крајот остана со празни раце, а Татран Прешов си замина со победа.

Во првото полувреме се играше изедначено, Еурофарм во неколку наврати имаше два гола предност, но Татран Прешов не дозволуваше противникот да се одлепи и на пауза се замина со резултат 14-13.

Случувањата на паркетот беа слични и во воведните десетина минути од второто полувреме, за потоа да следи одличен период на домаќините и серија од 4-0 со која Еурофарм стигна до предност од 21-17.

Но потоа следуваа катастрофални десет минути за домаќините во кои не беше постигнат ниту еден гол, а Татран Прешов со серија од 5-0 го сврте резултатот во своја корист. (21-22).

Во завршницата имаше игра на нерви, Еурофарм имаше напад за водство и веројатно победа, но откако не го реализираше, гостите од Словачка во последните секунди погодија преку Лапајне за триумф од 23-24.

Остуршко со 8 погодоци беше прв стрелец на Еурофарм, а Граџан реализираше 5 гола. Рабек со 7 погодоци беше најдобер поединец во редовите на Татран Прешов.

ФОТО: РК Еурофарм

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе