Целиот тим и стручен штаб е во домашна изолација

Нови проблеми во ракометот: Работнички пријави 15 позитивни случаи на коронавирус

Една недела по одлуката да се суспендира групата А, пристигнуваат информации за коронавирус и во групата Б, Работнички пријави 15 позитивни случаи.

Ракометното првенство на Македонија е пред целосен прекин, денеска Работнички пријави дури 15 позитивни случаи на коронавирус. Сите играчи и стручниот штаб се веќе во домашна изолација. Најголемиот дел од играчите немаат сериозни симптоми.

Претходно, КЛ7 пријави 16 позтивни случаи на коронавирс, а заразени со ковид-19 во своите редови потврдија и во Радовиш, Струга и Охрид, па групата А беше суспендирана на 15 дена.

Останува да се види каква одлука ќе донесе РФМ, во моментов е познато само дека е одложен утрешниот дуел помеѓу Металург и Работнички.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе