Скандал во норвешката селекција на ЕП

Норвешките ракометари се мотивирале со голи фотографии на нивната сонародничка Нора Морк!

Норвешка ја тресе ракометен скандал од Европското првенство откако излезе информацијата дека ракометарите пред секој натпревар се мотивирале со голи фотографии на Нора Морк.

Пред извесно време беше хакиран мобилниот телефон на норвешката ракометарка Нора Морк и на интернет беа објавени поголем број на екплицитни фотографии.
 
За време на Европското првенство во Хрватска, норвешките ракометари си ги разменувале и заеднички ги гледале сликите на Морк. Таа дознала за сето ова и сега најавува тужба.
 
„Скршена сум. Мислев дека тие се моето семејство, дека се луѓе кои ме сакаат и се грижат за мене. Многу сум разочарана. Го информирав и норвешкиот сојуз, размислувам веќе да не играм за Норвешка. Не сакам да бидам дел од колектив кој сексуално ме вознемирува“, вели Морк.
 
Селекторот Кристијан Берге и капитенот Мирхол одбија да одговорат на ова прашање.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе