Европско првенство 2020

Норвешка во полуфинале, Шведска и го загорчи животот на Унгарија и донсе надеж за Словенија

Норвешка обезбеди полуфинале на Европското првенство откако денеска со 31-28 славеше над Исланд, Шведска и го загорчи животот на Унгарија со триумф од 24-18 и донесе надеж за Словенија.

Норвешка е првиот учесник во полуфинале од Групата 2 по одигрувањето на претпоследното коло. Норвешка попладнево со 31-28 ја доби пресметката со Исланд, а во корист и беше и резултатот од натпреварот помеѓу Шведска и Унгарија.

Вечерва, „викинзите“ и го загорчија животот на Унгарија. Мечот беше прилично изедначен, по 50 минути игра беше 18-18, но во финишот од натпреварот Унгарија потклена, Шведска направи серија од 6-0 и славеше со 24-18.

Овој резултат беше добредојден за Словенија, која во првиот денешен натпревар триумфираше над Португалија со 29-24.

Словенија со бод или победа утре против Норвешка ќе го обезбеди последниот билет за полуфинале.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе