ЕП 2020

Норвешка го освои третото место, Сагосен го урна рекордот на Кире Лазаров

Норвешка со убедлива победа над Словенија го освои третото место на Европското првенство, Сагосен го помина Лазаров и стана најдобар стрелец на шампионатите. 

Натпреварот беше неизвесен само во воведниот тек, беше 5-5 кога Норвешка направи серија од 5-1, поведе со 10-6 и потоа во ниту еден момент не и даде на Словенија да се понадева на пресврт.
 
Во неколку наврати имаа предност и од девет разлика, на крајот славеа со 28:20.
 
Бронзениот медал е и првото одличје за Норвешка на Европските првенства.
 
Сагосен го урна рекордот за најмногу голови на едно Европско првенство кој го држеше Кире Лазаров. Норвежанецот на мечот со Хрватска се израмни со нашиот капитен, а денеска даде уште четири гола, па новиот рекорд сега изнесува 65 погодоци.
 
Најефикасен во составот на Норвешка денеска беше Јоентал со седум голови, кај Словенија Бомбач реализираше пет пати.
 
Претходно Германија со 29:27 ја победи Португалија во натпреварот за петтото место.
 
Финалето меѓу Хрватска и Шпанија се игра утре (недела) со почеток од 16:30 часот.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе