ЕП Хрватска 2018

Норвешка го намачи светскиот шампион, Франција со минимална победа го стартуваше ЕП

Актуелниот светски шампион, Франција потешко од очекувањата славеше во дуелот со Норвешка на стартот од Европското првенство, „Петлите" со пресврт стигнаа до минимална победа од 32-31

Избраниците на Динар одлично го започнаа мечот, одбраната 5-1 функционираше, па Франција брзо се одлепи на +3.

Но работите се променија по тајм-аутот кој го побара Норвешка, „Скандинавците“ влегоа во серија, за кратко време  ја стопија предноста на фаворитот, поведоа и на полувреме заминаа со 15-17.

Норвешка продолжи во ист стил и по паузата, го диктираше темпото и во неколку наврати имаше позитива од три гола.

Но шампионскиот квалитет на Франција дојде до израз во финишот од средбата, Карабатиќ донесе изедначување (27-27) на осум минути до крајот и мечот влезе во супер интересна завршница во која се играше гол за гол, а последниот збор го имаа „Петлите“.

Гигу реализираше на 15 секунди до крајот за 32-31 и донесе победа на Франција на стартот на Европското првенство.

Мае со 8 погодоци беше прв стрелец кај светскиот шампион, додека пак Гигу постигна 5. Во редовите на Норвешка, најдобар поединец беше Тонесен со 7 погодоци.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе