Кадетско СП Скопје 2022

Ништо од четвртфинале, македонските ракометарки загубија од Исланд

Поради послаба гол разлика од Шведска, македонската женска ракометна репрезентација до 18 години не се пласира во четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во Скопје. 

Фото: РФМ
По убедливата победа на Шведска над Иран од 39-19, јасно беше дека Македонија нема шанси со пораз од Исланд да се пласира во четвртфиналето на СП, моравме да освоиме бод за да играме со осумте најдобри.
 
Исланд постојано водеше во текот на мечот, на полувремето имаа предност од 13-10, Македонија се бореше максимално, во еден момент дојдовме на еден негатива 19-20, но противникот беше поквалитетен и на крајот победи со 25-22.
 
Бојана Коцева со шест погодоци беше најефикасна на овој меч за Македонија.
 
Исланд го освои првото место во групата со максимален учинок, Шведска и Македонија имаат исто бодови, но Швеѓанките имаат подобра гол разлика па тие се на второто место. 
 
Нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место.

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе