Европска лига

Ништо ново од Еурофарм Пелистер, пораз и на гостувањето кај Тримо Требње

Еурофарм Пелистер го забележа и третиот пораз во Европската лига откако денеска загуби на гостувањето кај Тримо Требње со 28:24. 

Македонскиот тим уште еднаш потфрли во Европската лига, ракометарите на Жељко Бабиќ особено имаа лош ден во нападот, промашија повеќе зицери, голманот Алексндар Томиќ се покажа како тешка пречка за битолчани.
 
Еурофарм Пелистер само во еден момент имаше водство, на почетокот од мечот кога водеа со 5-4, потоа домаќините играше подобро, во еден момент дојдоа и до предност од четири разлика 12-8, но на полувремето заминаа со два позитива 14-12.
 
Во вториот дел Еурофарм Пелистер на неколку пати дојде до -1, но кога требаше да го сврти резултатот тотално се изгуби. Требње имаше и навјисоки шест позитива, на крајот триумфираа со четири разлика 28:24.
 
Стипе Мандалиниќ постигна пет гола за Еурофарм, но дури од 11 обиди, Велковски постигна четири гола. Голманите Чаневски и Трајковски имаа само по три одбрани. За разлика од нив, Александар Томиќ запиша дури 16 одбрани и беше главниот херој во победата на Требње, кај нив најефикасни беа Сарак и Поточник со по пет голови.
 
Еурофарм Пелистер по четири одиграни кола во Европската лига имаат три порази и едно реми. Во следното коло тие го пречекуваат Требње, мечот се игра идниот вторник во Битола.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе