РК Металург

Никола Потиќ е третото засилување на Металург

Металург е активен на трансфер пазарот, тимот од Автокоманда се обидува да создаде конкурентен тим за следната сезона. 

Металург се чини дека ја менува политиката на функционирање, ако претходно се потпираше на македонски ракометари, сега носи играчи од регионот.
 
По левиот бек Момир Рниќ и пикерот Бранко Канкараш, Металург се засили со десниот бек Никола Потиќ.
 
Се работи за српски ракометар кој има 26 години, висок е 203 сантиметри. Тој стави потпис на едногодишен договор со Металург. Доаѓа од втората Бундеслигата, од тимот на Либек.
 
Раководството на Металург најави дека и во наредниот период ќе продолжи со засилување на тимот.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе