Никола Митревски заминува од Еурофарм Пелистер

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски си оди од Битола, тој нема да го носи дресот на Еурофарм Пелистер и следната сезона. 

Битолскиот клуб веќе донесе неколку добри засилувања за следната сезона, но Пелистер го напуштаат и дел од клучните ракометари во изминатиот период.
 
Еден од оние кои ќе заминат е Никола Митревски, репрезентативниот голман кој имаше многу голема улога во успесите на Битолчани.
 
Најверојатно тој ќе се врати во Португалија, би требало овој пат да го облече дресот на Порто, а се шпекулира дека и Вардар е заинтересиран за него, но во македонскиот шампион се уште е нејасно кој ќе биде газда на клубот следната сезона.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе