ЛШ фајнл-фор Келн

Неуромедика подготви премија од 15.000 евра за Вардар ако стане европски шампион

Болницата Неуромедика обезбеди премија за ракометарите на Вардар од 15.000 евра доколку победат на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн. 

Вардар е пред третиот настап по ред на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн. Момците на Гарсија Парондо низ сезоната покажаа карактер и квалитет кој може повторно да ја израдува Македонија. 
 
Неуромедика ја препознава важноста на настанот, па вети 15.000 евра премија доколку ракометарите уште еднаш го донесат големиот трофеј во Скопје.
 
„Деновите се одбројуваат, возбудата  расте а поддршка за РК Вардар за “Фајнал 4” турнирот во Келн од сите страни. Сите очи на 01 и 02 јуни ќе бидат вперени во РК ВАРДАР, македонската гордост. Гордоста да ја донесат во Македонија титулата европски првак, Болницата Неуромедика како најголем поддржувач ќе ја заокружи со 15.000 евра за РК Вардар ако повторно стане европски првак. 
 
Посветеноста, борбената игра и успесите на македонските спортисти на теренот,  ја направи Неуромедика да продолжи и понатаму да биде најголем поддржувач на спортот со медицинска грижа на спортистите и медицинско обезбедување. 
 
Првиот човек на Неуромедика Емил Угриновски како поранешен ракометар, лекар, спортски работник и директор на македонскиот ракометен колектив и голем вљубеник на ракометот, заедно со дел менаџерскиот тим ќе навива и ќе ги бодри ракометарите на првенството во Келн за голема победа.
 
На овој начин сметаме дека сето ова ќе претставува дополнителна мотивација сите играчи да го дадат максимумот од себе и македонското знаме повторно се развиори највисоко на тронот и победничкиот пехар го донесат во Скопје“, стои во соопштението на Неуромедика.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе