Ѕвездата на Веспрем честиташе како ретко кој противник

Ненадиќ: Ова што го направи Вардар е неверојатно, и покрај сите проблеми да го освоите овој трофеј... секоја чест!

Ѕвездата на Веспрем Петар Ненадиќ има само убави зборови за Вардар, на прес-конференцијата со многу емоции зборуваше за македонскиот шампион. 

Ненадиќ покажа дека е голем спортист, тој има многу пријатели во Вардар и добро е запознаен со ситуацијата во македонскиот клуб, pa затоа и им ја симна капата на црвено-црните и честита како ретко кој противник.
 
„Честитки за Вардар и за Македонија за победата, имам многу пријатели во тој клуб. Мислам дека натпреварот го загубивме во првото полувреме, не одигравме на нивото на коешто требаше. Во второто полувреме дојдовме до еден-два разлика, но не успеавме“, вели Ненадиќ.
 
„Вардар имаше навистина неверојатна сезона, низ сѐ што поминаа, и покрај сите проблеми што ги имаа, да го освоиш овој трофеј... секоја чест“, со многу емоции ракометарот на Веспрем го кажа ова.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе