ЕХФ не го прифати барањето на битолскиот тим за настап во Лигата на шампионите, вајлд-карти добија Нант, ПИК Сегед, Елверум, Мешков Брест, Целје и Мотор Запорожје.
Од претходно беше познато дека загарантирано место има Вардар заедно со ПСЖ, Барселона, Кил, Веспрем, Фленсбург, Кјелце, Алборг, Загреб и Порто.

Еурофарм Пелистер и Металург ќе играат во Европската лига, останува да видиме само дали ќе почнат од некое квалификациско коло или некој од нив ќе има директен пласман во групната фаза.
Познати се учесниците и во женската Лига на шампиони, ЖРК Куманово не доби вајлд-карт.
