ЕХФ потврди

Нема вајлд-карта за Еурофарм Пелистер, само Вардар ќе игра во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација денеска ги соопшти имињата на клубовите кои ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона, меѓу нив не е Еурофарм Пелистер. 

ЕХФ не го прифати барањето на битолскиот тим за настап во Лигата на шампионите, вајлд-карти добија Нант, ПИК Сегед, Елверум, Мешков Брест, Целје и Мотор Запорожје.
 
Од претходно беше познато дека загарантирано место има Вардар заедно со ПСЖ, Барселона, Кил, Веспрем, Фленсбург, Кјелце, Алборг, Загреб и Порто.
 
 
Еурофарм Пелистер и Металург ќе играат во Европската лига, останува да видиме само дали ќе почнат од некое квалификациско коло или некој од нив ќе има директен пласман во групната фаза.
 
Познати се учесниците и во женската Лига на шампиони, ЖРК Куманово не доби вајлд-карт.
 
 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе