Европска лига

Нексе стави крај на Европската авантура на Пелистер

Еурофарм Пелистер го загуби и вториот натпревар од Нексе во осминафиналето од Европската лига, хрватскиот тим славеше со 22-21 среде Битола. 

Првиот меч кој се играше во Нашице заврши со победа на Нексе од 29-26, предност за Хрватите која не изгледаше како недостижна за Еурофарм Пелистер, но битолскиот тим не успеа да ја надополни, не успеа ниту да дојде до победа.
 
А Еурофарм Пелистер тргна одлично, во 17. минута имаше водство од 7-3, разликата која му беше потребна, но како наближуваше полувремето Нексе играше се подобро, ја стопи предноста на битолчани, дојде до израмнување, на полувремето беше 11-11.
 
Второто полувреме почна со серија од 3-0 за Нексе, Пелистер се мачеше во нападот. На четири минути до крајот резултатот беше 20-20, но не се случи чудо, Нексе даде два гола, домаќините само еден и хрватскиот тим си замина со победа од 22-21.
 
Најдобри во составот на Пелистер беа Мандалиниќ со шест голови и Табоада со пет. Кај Нексе блескаше голманот Радовановиќ запишувајќи вкупно 13 интервенции, со 43-процентна успешност. 
 
Нексе за влез на фајнл-фор турнирот од Европската лига ќе се бори против ГОГ, Еурофарм Пелистер ќе се фокусира на домашното првенство и мечот со Вардар кој е на крајот од овој месец во Битола.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе