Илјадници фанови веќе се пред аеродромот во Скопје

Навивачите ќе се изначекаат, повторно пролонгирано доаѓањето на Вардар!

Илјадници навивачи веќе се пред Меѓународниот аеродром Скопје за да ги пречекаат ракометарите на Вардар, но ќе се изначекаат откако дојде до ново пролонгирање на летот.

Поради административни проблеми, веќе еднаш беше одложен летот од Келн, и иако беше најавено дека шампионите на Европа ќе пристигнат во Македонија во 20:30 часот, дојде до ново пролонгирање.

Од таборот на Вардар соопштија дека се очекува околу 19:30 часот тие да полетаат од Келн за Скопје.

Па по ваквиот расплет на настаните, навивачите ќе се изначекаат со оглед на тоа дека илјадиници фанови веќе се пред Меѓународниот аеродром Скопје.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе