Новата титула во ЛШ предизвика лудило кај фановите

Навивачите брзо го разграбаа, шампионскиот дрес кој Вардар го носеше во Келн е распродаден! (ФОТО)

Од таборот на Вардар соопштија дека новиот дрес, кој „црвено-црните" го носеа на Ф4 турнирот во Келн, е распродаден и се чека пристигнување на новата количина.

Новата титула од Лигата на шампионите, која е послатка и потешка од онаа пред две години, предизвика лудило кај ракометните љубители и фановите на Вардар.

Шампионот на Македонија и Европа денеска објави дека новиот дрес, кој специјално беше дизајниран за Ф4 турнирот во Келн, е распродаден и се чека пристигнување на нова количина.

Оние кои се нестрпливи и веднаш сакаат дрес од Вардар, можат да го купат моделот со кој „црвено-црните“ херои настапуваа во текот на целата сезона.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе