Наумче Мојсоски ќе биде нов директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски ракометар, Наумче Мојсоски ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, тврди „ПлусИнфо“. 

Еден од најдобрите македонски ракометари, Наумче Мојсоски ќе биде новиот директор на АМС, тој ќе седне на местото на Дарко Каевски кој стана пратеник во македонското Собрание.
 
Мојсоски по завршувањето на кариерата стана прв човек на ракометниот клуб Струга и активен член на владеачката партија СДСМ.
 
Наумче Мојсоски за македонската репрезентација има одиграно преку 100 натпревари. Тој прекина активно да игра ракомет во 2016 година како член на ЧСМ Букурешт. Неговите најдобри денови беа во Металург, а играше и за Вардар, Пелистер, Југ, Струга, Лехвија и Ла Риоха.
 
 

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе