Поради позитивни случаи на ковид-19, Чешка го откажа настапот на Европското првенство, а Македонија како прва резерва патува на Мундијалот.
Ќе играме во групата Г против Шведска, домаќинот Египет и Чиле.
Првиот натпревар го играме против Шведска веќе во четврток, потоа преку еден ден играме против Египет и Чиле. Првите три селекции од групата се пласираат во следната фаза.
Интересно, Чиле беше единствената репрезентација со која одигравме пријателски натпревари во изминатите денови, им бевме домаќини на двете средби кои лесно ги добивме.
Распоред на натпревари:
14 јануари – Шведска – Македонија во 21:30 часот
16 јануари – Египет – Македонија во 19:00
18 јануари – Македонија – Чиле во 16:30