ЕП 2022

Нападот затаи во второто полувреме, Македонија загуби од Црна Гора

Очајната игра во нападот во второто полувреме, во кое постигнавме само осум гола, ја чинеше Македонија пораз против Црна Гора од 24-28. Со овој загубен меч ги загубивме и сите шанси за пласман во следната фаза од Европското првенство. 

По солидното издание против Словенија, очекувавме триумф против Црна Гора, но тоа не се случи. Македонските ракометари одиграа многу лошо во нападот во второто полувреме и тоа беше причината за овој пораз.
 
Македонија тргна лошо, Црна Гора поведе со 4-0, дури потоа почнавме да даваме голови. Црногорците во вториот дел на двапати водеа и со пет гола разлика, но како што одминуваше времето игравме сѐ подобро и на одморот заминавме со само еден гол негатива, 16-17.
 
Во второто полувреме ја стегнавме одбраната, Митревски бранеше одлично, но проблем настана во нападот, македонските ракометари немаа идеја, промашуваа, не ги користеа грешките на противникот. Во вторите 30 минути постигнавме само осум гола и на крај заслужено му честитавме на противникот. Црна Гора победи со 28-24.
 
Херој на Црна Гора беше голманот Небојша Симиќ, кој имаше 12 интервенции од кои дури 10 во второто полувреме. Кај нас Митревски имаше 11 одбрани, Томовски шест. Велковски со шест гола беше најдобар стрелец на нашата репрезентација, Цветан Кузмановски постигна пет.
 
Следниот натпревар на Македонија е в понеделник против Данска од 20:30 часот, но тој меч ќе биде само формалност, ги загубивме сите шанси за поминување во втората фаза.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе