Во пресрет на Изборното собрание

Мукаетов ќе продолжи да биде претседател на РФМ, има поддршка од сите клубови

Ракометните клубови во Македонија се едногласни, сите сакаат Живко Мукаетов да продолж да биде претседател на федерацијата, а тоа официјално ќе биде направено на Изборното собрание кое ќе се одржи на 31 јануари. 

На една недела пред одржувањето на Изборното собрание на РФМ, ракометните клубови му дадоа комплетна поддршка на Живко Мукаетов за нов претседателски мандат.
 
Еден клуб може да подржи само еден кандидат, а сите 54 клубови од македонското првенство кои имаат свои делегати на собранието со право на глас, испратиле писмена поддршка со потпис и печат за Мукаетов.
 
Тоа значи дека на Изборното собрание на 31 јуануари тој ќе биде единствениот кандидат за претседател и изборот ќе биде само формалност за потврда на неговииот нов мандат.
 
Живко Мукаетов од март 2013 година е на чело на Ракометната федерација на Македонија.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе