Големо засилување за „црвено-црните“

Му се исполни желбата на Калараш, се врати во Вардар!

Шампионот на Македонија и Европа, Вардар врати познато име во своите редови, Глеб Калараш одново ќе го носи „црвено-црниот" дрес.

Русинот беше еден од играчите кои си најдоа нов ангажман откако во април месец сопственикот Сергеј Самсоненко соопшти дека го напушта клубот. Тој потпиша договор со Мотор Запорожје, но кога по триумфот во Келн пристигна вест дека Вардар нема да се распадне, Глеб Калараш изрази желба да се врати во „Јане Сандаски“. 

Со месеци се обидуваше да најде решение и последните информации велат дека конечно нашол заеднички јазик со Мотор Запорожје и спогодбено го раскинал договорот. 

Глеб Калараш на социјалните мрежи се пофали дека купил авионски билет за Скопје, и се очекува во скоро време да пристигне официјана информација за нова соработка со Вардар. 

Минатата сезона тој беше еден од најдобрите дефанзивци, па треба да биде огромно засилување во одбраната на шампионот на Македонија и Европа.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе