РК Вардар

Мотор го промовираше Калараш, Вардар и официјално остана без дефанзивецот

Одличниот дефанзивец, Глеб Калараш и официјално си замина од Вардар откако денеска беше промовиран како ново засилување на Мотор, клубот за кој настапуваше и претходно.

Трансферот на Калараш од Вардар во Мотор Запорожје беше претходно договорен кога европскиот шампион беше во незавидна ситуација. Денеска само беше официјално претставен како ново засилување на украинскиот тим.
 
Калараш беше еден од главните во одбраната на Вардар во шампионската сезона и даде значаен придонес во големиот успех, и двете страни сакаа тој да остане во Скопје, но трансферот претходно беше договорен.
 
Глеб Калараш во Мотор Запорожје настапуваше од 2015 до 2017, него ќе го гледаме во СЕХА лигата, бидејќи украинскиот тим за прв пат ќе биде учесник во регионалното натпреварување од следната сезона.
 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе