Лига на шампиони

Монпелје е минато, Вардар се фокусира на Кристијанштад

Вардар во сабота го игра првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона, во салата „Јане Сандански“ гостува Кристијанштад.

По победата на гостувањето кај Монпелје, атмосферата во Вардар е на високо ниво, следниот предизвик е Кристијанштад кој е стар пациент на македонскиот шампион. Во досегашните шест меѓусебни дуели Вардар има исто толку победи.
 
„ Го заборавивме натпреварот против Монпелје. Не сакаме да гледаме назад и секој меч е важен за нас. Сакаме да победиме на овој натпревар, и се соочуваме со тим кој има искуство од неколку години со настапи во Лигата на шампионите. Тоа е екипа која игра различен ракомет со многу брза игра, контранапади, висок интензитеt. Ако падне концентрацијата тогаш нема назад и затоа мораме да играме концентрирано. Ние го сфаќаме противникот сериозно и ќе се обидеме да го одиграме натпреварот на исто ниво од прва до последна минута, вели Тимур Дибиров на денешната прес конференција.
 
Тренерот Парондо очекува нова победа, но за да се стигне до неа свесен е дека неговите ракометари треба да го дадат максимумот од стартот па до крајот на мечот.
 
„Првпат играме во Лигата на шампионите на домашен терен сезонава и затоа овој меч е многу важен за нас. Фокусирани сме на овој натпревар и очекувам во сите 60 минути да одиграме на исто ниво и да дојдеме до нови бодови. Вуко Борозан не играше на дуелот од СЕХА. Сега се работи за натпревар од Лигата на шампионите, па Вуко ќе биде во составот, изјави тренерот на Вардар, Роберто Парондо.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад се игра во сабота со почеток од 17:30 часот.
 

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе