Лига на шампиони

Монпелје е фаворит, но Вардар нема да излезе со бело знаме

Вардар со сите проблеми со кои се соочува во сабота од 17:30 часот ќе излезе на теренот на последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите против Монпелје. 

Во една нормална ситуација Вардар во сабота ќе беше фаворит, но тоа нема да биде случај овој пат.
 
Покрај заминувањата од клубот, Вардар се соочува со повреди, но и со вирус. Каралараш и Горбок се неизвесни поради болест. 
 
„Во сабота не очекува тежок меч. Примарната цел ја остваривме со Мотор. Имаме краток ростер, плус имавме проблеми со вироза, Калараш и Горбок беа болни, не можевме да направиме нормален тренинг, но нема изговор. Максимално ќе се бориме за секоја топка и само така може да се надеваме на победа. Ние сме Европски шампиони, но ситуацијата не ни дозволува да кажеме дека сме фаворити. Нема да излеземе со бело знаме, но поради сите случувања не можам да бидам голем оптимист“, изјави тренерот Алушовски.
 
Капитенот Стојанче Стоилов вели дека тие ќе излезат на теренот и ќе го дадат максимумот иако и според него Монпелје е фаворитот. 
 
„Ситуацијата е таква каква што е. Монпелје е апсолутен фаворит на натпреварот. Наше е да дадеме се од себе и да ги изненадиме“, вели Стоилов.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе