Лига на шампиони

Моќна партија на Вардар каква што одамна не сме виделе, Мешков Брест на колена во Скопје

Вардар одигра фантастична партија на својот прв домашен натпревар од Лигата на шампионите, победен е Мешков Брест со 35:27. 

По ремито со Елверум, Вардар дојде до првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите откако со осум разлика го совлада Мешков Брест.
 
Се очекуваше израмнет натпревар во „Јане Сандански“ но се случи доминација на црвено-црните каква што одамна немало.
 
Вардар водеше од самиот почеток, па до крајот на мечот. Македонскиот шампион рано се одлепи, имаше и седум голови разлика во првиот дел, на полувремето замина со 19:13.
 
Во вториот дел Вардар го контролираше резултатот, Мешков Брест неколкупати дојде до -3, но тоа беше се што направија гостите. Нашиот тим беше подобар во финишот и на крајот победи со највиоки осум голови разлика.
 
Фантастично функционираше десната бековска позиција на Вардар, најдобар на теренот беше Кевин Њокас кој постигна осум голови, Моралес реализираше пет, па дури 13 погодоци беа дадени од левите бекови. Дибиров постигна пет голови, четири даде Гаџа. Томовски беше одличен на голот со 11 одбрани.
 
Кај Мешков Брест, Кашпарек даде шест голови, пет постигнаа Скубе и Јурников.
 
Вардар по две кола има три бода исто колку што има и Веспрем на третата позиција. Со максимален учинок се Алборг и Кил.
 
Во следното коло, на 29. септември, Вардар го пречекува Алборг.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе