Мојсоски: Сè уште нема одлука кој ќе биде директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски ракометар, Наумче Мојсоски потврди дека е еден од кандидатите за нов директор на Агенцијата за млади и спорт, но сè  уште не е донесена конечна одлука. 

Денеска се појавија гласини дека Наумче Мојсоски ќе биде наследникот на Дарко Каевски кој стана пратеник во Собранието на Македонија.
 
Мојсоски за МКД.мк потврди дека е кандидат за директорската позиција во Агенцијата за млади и спорт, но вели дека сè  уште нема одлука.
 
„Сè уште нема ништо конкретно. Вчера се пишуваше дека директор на АМС ќе биде човек од ДУИ, денеска се појави моето име. Уште не е дојдено на ред да се разговара за оваа функција, точно е дека јас сум еден од кандидатите, но сè уште не се знае. Веројатно ќе биде појасно откако претседателот на Владата, Зоран Заев ќе се врати во Македонија, одлуките ги носи тој“, ни изјави Мојсоски.
 
Наумче Мојсоски е актуелен претседател на Комисијата за спорт на СДСМ.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе