РК Еурофарм Пелистер

Моцарт стана нов спонзор на Еурофарм Пелистер

Битолскиот ракометен клуб, Еурофарм Пелистер доби спонзорско засилување, од денеска во тимот на компании кои ги поддржуваат ги имаат и обложувалниците Моцарт. 

Еурофарм Пелистер добива нова спонорска инекција, откако денеска ја официјализираа соработката со Моцарт.
 
„Голема благодарност до компанијата Mozzart на желбата да вложуваат во домашниот спорт, а особена благодарност за поддршката која ќе ја добие РК Еурофарм Пелистер во наредниот период. Од огромно значење е секоја пристигната помош, а компанија Mozzart препозна дека клубот има големи амбиции, јасна визија и зацртани цели кон врвот. Горди сме што нашите играчи ќе го носат логото на Моцарт на своите дресови“, вели генералниот директор на Еурофарм Пелистер.
 
Маркетинг менаџерот на Моцарт, Ивана Оловска вели дека им ме чест што ќе бидат партнери на битолскиот тим.
 
„Компанија Mozzart на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, од нисколигашки ранг, па сè до оној највисокиот. Горди сме што склучивме соработка со еден од најпознатите спортски колективи во државата. РК Еурофарм Пелистер е клуб со долга традиција и сакаме да им понудиме поддршка на патот кон успехот, особено оваа сезона кога клубот повторно е дел од регионалната СЕХА Лига и Европската лига на ЕХФ. Веруваме дека со ова партнерство ќе помогнеме во остварување на амбициите на клубот во наредниот период“, вели Оловска.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе