Денеска пристигна тажна вест од Португалија, почина Алфредо Кинтана од Порто. Голманот во понеделникот доживеа срцев удар, беше ставен во вештачка кома, докторите се бореа за неговиот живот, но не успеаја да го спасат.
Никола Митревски вечерва се огласи на социјалните мрежи и со емотивна порака се прости од соиграчот и партнер помеѓу стативите.
„Почивај во мир Гранде Кинтана. Ти благодарам за се. Заекогаш...“ - напиша Македонецот.
View this post on Instagram