Квалификации за ЕП 2020

Митревски: На крајот квалитетот пресуди

Голманот Никола Митревски беше еден од хероите на Македонија во победата над Грција која ни го донесе првото место во квалификациите.

Борко Ристовски не го почна најдобро натпреварот, во игра влезе Никола Митревски и со своите интервенции даде значаен доприност во победата над Грција од 27:23.
 
„Со оглед на временските услови и тоа што го завршивме мечот без повреди, ова е одлично. Добивме еден тежок меч. Грците одиграа квалитетен меч и покажаа дека не се лоша репрезентација. Сепак, како и против Турција пресуди нашиот квалитет за да завршиме  на првото место во групата“, вели Митревски.
 
Тој смета дека кој и да ги добиеме како противници на Европското првенство, нема да биде лесно бидејќи веќе нема лесни противници ниту во ракометот.
 
„Не треба да се прогнозира уште сега бидејќи не знаеме кои ќе бидат противниците. Секој меч за себе е приказна за себе на Европското првенство. Нема никаде лесни натпревари, исто како и во групната фаза, па затоа ќе мора да се испотиме за победа“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе