Херојот скромен

Митревски: Им дадов енергија на соиграчите, но не бев клучен за победата

Никола Митревски беше еден од хероите на Македонија во големата победа над Словенија, неговото влегување во игра го сврте текот на натпреварот.

Борко Ристовски не почна најдобро, Словенија имаше водство и доминација на теренот кога Раул реши во игра да го внесе Никола Митревски, а по неговото влегување се промени сѐ. Нашиот голман нанижа неколку фантастични интервенции и беше клучот за пресвртот на играта.
 
„Сакам да им честитам на моите соиграчи за оваа голема победа. Можеби моето влегување внесе дополнителна енергија кај соиграчите, но не бев јас клучот за победата“, вели Никола Митревски.
 
„Во второто полувреме одигравме тимски, проработе и нападот, бевме одлични во одбраната, сите фактори се склопија и победата дојде“.
 
„Одлично сме подготвени за првенството, нашата психолошка спремност дојде до израз, не паднавме, се кренавме кога не ни одеше и на крајот заслужено се радуваме на овој триумф“.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе