СЕХА Лига

Митревски го предводи тимот на месецот во СЕХА, има место и за Дибиров и Јотиќ

СЕХА лигата го обелодени идеалниот тим за месец септември, во него има место за дури тројца ракометари на македонските екипи Вардар и Еурофарм Работник.

Еурофарм Работник прикажа одлични игри на стартот од регионалното натпреварување, па има дури двајца преставници во тимот на месецот. Никола Миитровски блескаше на голот, па тој ги предводи идеалните седумина, а друштво му прави и Ловро Јотиќ како најдобар лев бек.

Вардар како по обичај ги „меле“ противниците, па место во тимот имаше и за Тимур Дибиров, кој е најдобро лево крило. 

Дрим-тимот го комплетираат Расмус Лауге (Веспрем), Јовица Николиќ (Војводина), Дарко Ѓукиќ (Мешков Брест) и Максим Бабичев (Мотор).

За најдобар тренер во месец септември е избран предводникот на Веспрем, Давид Дејвис.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе