ЕП 2020

Митревски: Божовиќ и Билик ќе шутнат околу 30 пати, но поважно е да им ги затвориме другите позиции

Никола Митревски знае дека играта на Австрија се темели на одличните бекови Божовиќ и Билик, но знае дека може да биде погубно ако се фокусираме на нив а ги занемариме другите позиции. 

Македонија денеска од 18:15 против Австрија брка победа од два или повеќе гола разлика за пласман во следната фаза на Европското првенство.
 
Во првите две кола Австрија ги совлада Чешка и Украина со импресивна игра на нивните бекови, Божовиќ и Билик.
 
„Овој натпревар за нас е мало финале, да се биде или не. Австрија квалитативно не е подобра од нас. Имаме шанси за победа и ако ја оствариме поразот од Чешка може да биде небитен. Наше е да го дадеме максимумот и да се надеваме на победа“, вели Митревски.
 
„Одбраната е таа која решава вакви големи натпревари. Божовиќ и Билик сигурно ќе шутнат околу 30 пати, но според мене најважно е да не им се разиграат крилата и повотот. Пример против Украина Вебер имаше осум од осум. Ако ги намалиме головите на останатите нивни играчи ќе имаме успех, а тие двајца нека си ги имаат своите 15-16 голови“.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе