Македонија го почнува Европското првенство

Миркуловски: Мора да ја победиме Словенија, сакаме да направиме повеќе од досега

Филип Миркуловски смета дека Словенија не е силна како што беше на првенството во Франција, верува дека Македонија денеска може да излезе како победник.

Македонија денеска го почнува настапот на Европското првенство во Хрватска, прв противник е селекцијата на Словенија. Веселин Вујовиќ има големи проблеми со повредени играчи за разлика од нашата селекција која турнирот ќе го почне со сите расположиви сили.
 
„Одработевме добри подготовки и подготвени сме за првиот натпревар. Сите сме здрави и тоа е најважното во пресрет на овој натпревар. Словенија е нашиот прв противник, тие се во улога на фаворити, бронзени се од последното СП и тоа ги прави условно поквалитетен тим од нас. Но, тие се послаби отколку на првенството во Франција со оглед на тоа дека им се повредени неколку играчи и нема да бидат во истиот состав“, вели Филип Миркуловски.
 
„Но, тоа не значи дека ќе биде полесен натпреварот. Прв меч, натпревар што може многу да значи за двете репрезентации. За нас конкрентно, овој меч е шанса да освоиме бодови што понатаму ќе играат голема улога. Желни сме да направиме повеќе од досега и за таа цел мора да ја победиме“.
 
Од Загреб: Ристе Ѓорѓиевски

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе