Слика полна спомени

Милосављев му подари слика на Периќ од деновите во Вардар: Ти си ми животен учител! (ФОТО)

Дејан Милосављев кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите, го посети својот тренер и ментор Дејан Периќ и му подари интересна слика.

Дејан Милосављев по препорака на тренерот на голманите на Вардар, Дејан Периќ дојде во таборот на црвено-црните. Дојде како анонимус, но замина како шампион на Европа.

Милосављев сега е член на Фуксе Берлин, а во моментов додека трае ракометната пауза тој е во својата Србија. Го посетил Дејан Периќ и му однел заедничка слика со пехарот од Лигата на шампионите.

На својот инстаграм профил Милосављев напиша: „Најдобриот голмански тренер, ментор и животен учител. Слика која ќе ни враќа спомени, кога ќе ја погледнеме ќе се потсетиме на убави работи кои ги поминавме работејќи заедно. Фала ти на се до сега Перко мој и се надевам дека во блиска иднина патиштата повторно ќе ни се сретнат“.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе