Без притисок не се станува шампион

Милосављев: Моите соиграчи се најголемите херои кои ги знам

Дејан Милосављев го живее сонот, голманот на Вардар за прв пат ќе настапи на фајнл-фор турнир од Лигата на шампионите, неговата последна желба за оваа сезона е да стане шампион во Келн.

Во интервју за официјалниот сајт на Лигата на шампионите, Дејан Милосављев ги споделува впечатоците од сезоната која полека завршува. 23-годишниот голман се покажа како клучен во повеќе натпревари, а треба да биде на највисоко ниво и во Келн за да се радува на успех со Вардар.
 
„Целиот тим, а особено тренерот на голманите Дејан Периќ ми ја олесни работејќи со мене. Се разбира тренинзите и добрата соработка со најдобрите ракометари во светот ми дава верба и ми ја крева самодовербата па можам да играм против секој. Сакам да играм под притисок, како што велат тренерите и искусните играчи, не можеш да бидеш шампион ако нема притисок“, вели Милосављев.
 
„Доколку сакате да бидете добар голман, потребно е да си ја сакате вашата позиција на начин кој другите луѓе и играчи не го разбираат. Ќе добивате многу незгодни удари и многу болка, но на крајот ќе бидете среќни бидејќи го сакате она што го правите. Мислам дека тоа е најважна работа. Се друго се учи и се надградува“.
 
“Желбата за победа, големиот квалитет и искуството на играчите е трејдмаркот на Вардар. Вистинските херои се раќаат во тешки ситуации и можам слободно да кажам дека моите соиграчи се најголемите херои кои ги знам“.
 
„Секој натпревар беше посебен за нас, но мечот против Сегед е нешто што никогаш нема да го заборавам. Нашите фанови ни дадоа незаборавно искуство. Нема вистински зборови кои можат да го опишат тоа чувство бидејќи тоа беше повеќе од спорт“.
 
„Фајнл-фор турнирот е сон за секој ракометар и јас сум среќен што ќе бидам дел од него. Келн покажа дека фаворитите не победуваат секогаш. Мислам дека има многу фактори кои одлучуваат кој ќе биде шампион. Се надевам дека сите ние ќе бидеме здрави и ќе го дадеме најдоброто од нас на теренот. Играме против тим кој игра перфектно и освои се, но ќе се бориме. Мојата последна желба оваа сезона е да станам шампион во Келн“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе