Лига на шампиони

Милосављев е во тимот на колото, има и една од најдобрите пет одбрани (ВИДЕО)

Дејан Милосављев имаше фантастична партија против Загреб, беше еден од хероите на Вардар кој буквално го растури хрватскиот тим со 27:18.

ЕХФ го прогласи Милосављев за голман на колото. Вардаровиот чувар на мрежата беше брилијантен во Загреб, натпреварот го заврши со 14 одбрани и тоа со 45% успешност. Што е речиси одбранет секој втор шут на противникот.
 
Ваквата негова партија го смести во тимот на колото, покрај него таму се и двајцата поранешни Вардарци, Лука Циндриќ и Алекс Душебаев.
 
Тим на колото:
 
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некар)
Лев бек: Размус Лауге (Фленсбург)
Среден бек: Лука Циндриќ (Кјелце)
Десен бек: Алекс Душебаев (Кјелце)
Десно крило: Артем Козакевич (Мотор)
Пивот: Јаник Колбахер (Рајн Некар)
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
 
Видеото од тимот на колото може да го погледнете на овој ЛИНК.
 
Една од одбраните на Дејан Милосављев се најде и меѓу петте најдобри на колото.
 
Видеото од топ 5 одбрани на колото може да го видите на овој ЛИНК.
 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе